Соопштенија
Програма за Прв национален симпозиум на млади лекари
Почитувани, На долунаведениот линк можете да ја симнете програмата за претстојниот Прв национален симпозиум на млади лекари организиран од Здружението на лекари специјализанти - ЗЛС....
Иднината сега – пријавување за учество на курс
Со задоволство ве информираме дека врз основа на предлогот од страна на Проф. д-р. Венко Филипче и донесениот заклучок на панел дискусијата ,,Иднината сега” одржана на 05.12.2022 г. организирана од Здружението на лекари специјализанти и под покровителство на СЗО, како и склучениот Меморандум за соработка со Фондацијата ЗАЕВ-Едно општество за сите, со особена чест и задоволство ве известуваме за следниот повик:
Младите лекари бараат секој да биде платен за својот труд, матичните апелираат капитацискиот бод да се зголеми
Лекарите од Клинички го кренаа гласот и ги повикаа колегите да им се приклучат во борбата за нивните права и достоинството. Младите лекари им даваат поддршка на своите колеги и очекуваат заедно да се изборат за потребните реформи во здравство. Барања имаат специјализантите и младите специјалисти. Објаснуваат, на приватните специјализанти дежурствата им се платени додека на оние кои се доедуцираат на сметка на државата дежурството не им се плаќа, иако извршуваат исти работни задачи. Тие бараат секој лекар да биде платен за својот труд. Две години бараат изедначување на специјалистичкиот и супспецијалистичкиот бод, но никој не ги слуша.
Прв национален симпозиум на млади лекари
Здружението на лекари специјализанти „ЗЛС Скопје“ оваа година го организира Првиот национален симпозиум на млади лекари. Симпозиумот ќе се одржи на 10 и 11 ноември во хотел Мериот, Скопје и на дводневната програма свое предавање ќе имаат експерти од Македонија, како и предавачи од други држави.
Утринска тема:Превентивните лекарски прегледи клучни за здравствените состоjби- Александра Георгиева
Д-р Александра Георгиева говореше за проблемите кои ги засегаат младите лекари како и имплементација на проектот И ти си важен !




