Почитувани лекари специјализанти,

Со задоволство ве информираме дека врз основа на предлогот од страна на Проф. д-р. Венко Филипче и донесениот заклучок на панел дискусијата ,,Иднината сега” одржана на 05.12.2022 г. организирана од Здружението на лекари специјализанти и под покровителство на СЗО, како и склучениот Меморандум за соработка со Фондацијата ЗАЕВ-Едно општество за сите, со особена чест и задоволство ве известуваме за следниот повик:

Почнувајќи од денес, 23.02.2023 г. ви отвараме можност за пријавување за учество на курс кој ќе се одржи по 30.03.2023 г., согласно календарот на Институтот IRCAD во Франција. Пријавувањето ќе трае до 01.03.2023 година. Институтот IRCAD претставува реномирана институција која за прв пат своите врати ги отворила во 1994 г. како дел од универзитетската болница во Стразбур, Франција.

Општи информации:

– Во прилог е линкот од распоредот и типовите на курсеви кои ги нуди институтот: https://www.ircad.fr/mis-training-center/course-calendar/

– Преку оваа програма се овозможени 5 (пет) стипендии во текот на 2023 година што подразбира платен курс и патни трошоци на специјализантот.

– Стипендиите се овозможени преку Фондацијата ЗАЕВ-Едно општество за сите, фондација која особено ги поддржува младите лекари во нивниот професионален развој.

Начин на пријавување:

Секој кандидат треба да ги испрати следните документи, на електронската адреса на Здружението лекари и специјализанти – zlspecijalizanti@gmail.com :

  1. Лично CV
  2. Копија/скен од Решение за специјализација
  3. Доказ за познавање на англиски јазик, меѓународно признат од ИЕЛТС, БУЛАТС, ТОЕФЕЛ (минимум С1 ниво)
  4. Копија/скен од Уверение за завршен медицински факултет
  5. Да се наведе за кој курс се пријавува и во кој временски период

Критериуми врз основ на кој ќе се бодуваат и рангираат кандидатите од страна на комисијата:

  1. Просек
  2. Година на специјализација
  3. Учество во симпозиуми
  4. Пишани трудови

Согласно критериумите, селекцијата на пријавените кандидати ќе се одвива во текот на 10 (десет) работни денови, а резултатите ќе бидат објавени на 15.03.2023 г. Документите без погоре наведениот сертификат за познавање на англиски јазик, како и ненаведувањето на конкретниот курс, ќе бидат сметани како недостатоци и за комисијата нема да бидат предмет за разгледување.

 

23.02.2023 г.

ИО ЗЛС