Здружението на лекари специјализанти „ЗЛС Скопје“ оваа година го организира Првиот национален симпозиум на млади лекари. Симпозиумот ќе се одржи на 10 и 11 ноември во хотел Мериот, Скопје и на дводневната програма свое предавање ќе имаат експерти од Македонија, како и предавачи од други држави.