Активности
Донација на медицинска опрема од организацијата „World Medical Relief“
Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ во Скопје, Mакедонија доби донација од медицинска oпрема во вредност од 570.000 американски долари од организацијата „World Medical Relief“ со седиште во Мичиген, реализирано од страна на Здружението на лекари специјализанти– ЗЛС. World Medical Relief соработуваше со Обединетата Македонска Дијаспора и медицинската мисија Dattilio, кои ги обезбедија трошоците за контејнерот, и меѓународната испорака.
„Иднината сега“ – WHO North Macedonia
Како да се задржат младите лекари во земјата е темата која се дискутираше на вчерашната панел дискусија „Иднината сега“ организирана од Здружение на Лекари Специјализанти ЗЛС- Shoqata e Mjekëve Specializant SHMS и Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë, со поддршка од #СЗО.
Иднината сега
Под мотото „Иднината сега!“ Здружението на Лекари Специјализанти одржа панел дискусија на која беа споделени мислења за одливот на медицински кадар вон границите на државата, предлог решенија за запирање на трендот и зајакнување на здравствените капацитети. Воедно...
Интервју со Види Вака
Еве зошто младите лекари заминуваат од државата.
Трнливиот пат на приватните специјализанти резултира со нестабилен здравствен систем.
Меморандум за соработка со Together Macedonia
Изминатиот период Together Macedonia континуирано работи на вмрежување и отпочнување на соработка со други организации. 🩺Потпишавме меморандум за соработка со Здружение на Лекари Специјализанти - ЗЛС и во подготовка се наредни активности за периодот што следува....
Работилница на тема “Дилеми во третманот на преткоморната фибрилација”
Здружението на Лекари специјализанти во соработка со КРКА организираше работилница на тема "Дилеми во третманот на преткоморната фибрилација". Голема благодарност до предавачот асс. д-р Јане Талески од ЈЗУ УК за Кардиологија. Најголема благодарност до колегите...
Родовата еднаквост е неопходна за воспоставување одржлив развој во едно општество
Родовата еднаквост е неопходна за воспоставување одржлив развој во едно општество и само ако секој од нас има еднакви права и еднаков пристап до тие загарантирани права во сите сфери од општеството, само тогаш можеме сите заедно да одиме напред. Но, заложбите за постигнување на одредени општествени вредности секогаш даваат плод кога се работи на едукација на јавноста и подигнување на свеста на различни целни групи, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната панел дискусија на тема „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата – жени во белиот мантил“.
Здружението на Лекари Специјализанти во посета на најмладите пациенти на детскиот оддел на Клиниката за Уво, Нос и Грло
Здружението на Лекари Специјализанти во пресрет на новодишните празници ги посети најмладите пациенти хоспитализирани на детскиот оддел на Клиниката за Уво, Нос и Грло. Им ги честитаме новогодишните празници и им посакуваме весела и безгрижна 2023...
Новогодишна забава на ЗЛС
ЗЛС се заблагодарува на сите свои соработници и на своите членови кои активно беа вклучени во работата и активностите на здружението. Оваа 2022 година ја завршуваме успешно, со надеж за уште поголеми успеси и решавање на повеќе прашања кои ги засегаат специјализантите...








