Како да се задржат младите лекари во земјата е темата која се дискутираше на вчерашната панел дискусија „Иднината сега“ организирана од Здружение на Лекари Специјализанти ЗЛС- Shoqata e Mjekëve Specializant SHMS и Министерство за здравство / Ministria e Shëndetësisë, со поддршка од #СЗО.

Во своето видео обраќање, д-р Ане Јохансен, специјална претставничка на СЗО за Северна Македонија и шефица на Канцеларијата на СЗО во Скопје, истакна дека потребни се соодветни политики за задржување, па дури и враќање назад на високообразованата работна сила, како и стратегии за создавање квалитетни и соодветно платени работни места, со што ќе се зајакнат капацитетите на здравствениот систем.

Во претстојниот период, СЗО во Северна Македонија ќе го поддржи развојот на нова, прва досега, Стратегија за здравствената работна сила.