Проекти
“И ти си важен!” – поcета од страна на градоначалникот на Битола
🩺 На една од нашите теренски посети, во рамките на проектот “И ти си важен!”, поддржан и финансиран од Цивика мобилитас, не посети градоначалникот на Општина Битола д-р Тони Коњановски. Тој оствари средба со генералниот секретар на Здружението на Лекари специјализанти-ЗЛС, д-р Иле Кузманоски, проектен раководител за реонот Битола. Градоначалникот ја поддржа ваквата акција и истакна дека ваквите активности се значајни за граѓаните на Битола.
“Како да се справиме со високите температури?” – едукативно предавање во рамките на проектот “И ти си важен!”
Д-р Иле Кузманоски, од Здружението на Лекари специјализанти, како дел од здравствената едукација во рамките на проектот “И ти си важен!”, поддржан и финансиран од Цивика мобилитас, во соработка со здружението “СУМНАЛ” од Битола, одржа едукативно предавање на тема “Како да се справиме со високите температури?”.
Млади од семејна разновидност
Ден полн со активности! Здружението на Лекари Специјализанти – ЗЛС го прослави денот на млади заедно со Младинската организација за унапредување на правата на деца и млади од семејна разновидност, потпомогнати со вредната донација на витамински суплементи од Еурофарм Аптеки, како дел од проектот ,,И ти си важен” поддржан од #CivicaMobilitas 💊💊💊
“Предизвици во комуникацијата со пациенти од социјално ранливи категории”
На 28.04.2023, Здружението на Лекари Специјализанти одржа работилница за лекари на тема: “Предизвици во комуникацијата со пациенти од социјално ранливи категории”. Истата се одржа во хотел Премиер во Битола. Предавачите др. Фанче Јошевска и д-р Симона Сапунџија говореа за предизвиците во комуникација со посебни категории на пациенти, како и за постулатите на афирмативна комуникација.
Работна посета на Загреб во соработка со Хрватското здружение на нутриционисти (Hrvatski Zbor Nutricionista)
Во рамките на проектот “United Wellness Project”, Здружението на Лекари Специјализанти во соработка со Хрватското здружение на нутриционисти (Hrvatski Zbor Nutricionista), оствари работна посета на Загреб. За време на истата беше реализиран состанок со претставници на Хрватското здружение на нутриционисти, на кои се дискутираше исхраната во студентските домови во Хрватска и во Македонија.
Сефте ЕКГ – Д фестивал Дојран
Здружение на Лекари Специјализанти – ЗЛС на Д Фестивал 2023 го спроведоа проектот “И ти си важен” кој се состоеше од бесплатни превентивни прегледи за посетителите.🥼





