Д-р Иле Кузманоски, од Здружението на Лекари специјализанти, како дел од здравствената едукација во рамките на проектот “И ти си важен!”, поддржан и финансиран од Цивика мобилитас, во соработка со здружението “СУМНАЛ” од Битола, одржа едукативно предавање на тема “Како да се справиме со високите температури?”. За време на предавањето, присутните граѓани добија совети за превенција на сончаница, топлотен удар, изгореници и топлотни грчеви. Предавањето беше проследено со дискусија и одговор на прашањата од присутните. На крајот од истото сите присутни лица добија витамински суплементи. Голема благодарност до Еурофарм Аптеки кои ги обезбедија истите.
