Кардиоваскуларните болести не се само за „повозрасни“.
Во нашата држава секоја година над 7.500 пациенти се регистрираат со проблеми со срцето. Во најголемиот кардиолошки центар во Република Северна Македонија, годишно се третираат над 5.000 пациенти, а дури 2.000 од нив се во животозагрозувачка состојба.
И не, не се сите повозрасни. Најмладиот пациент со срцев удар имал само 19 години. А повеќе од 100 млади под 45 години доживеале срцев удар само минатата година.
Препознај ги симптомите. Во прирачникот „Како до здрави навики?“ ќе најдеш совети како да го заштитиш своето срце, со мали, но силни промени во секојдневието.
На зелено столче со д-р Никола Манев – кардиоваскуларни болести