ЈАВЕН ПОВИК
За избор на правно лице за изработка и одржување на веб страна за потребите на проектот Мое Здравје на Здружението на лекари специјализанти
I. OПШТИ ИНФОРМАЦИИ
Здружението на лекари специјализанти е оформено во 2017 година, како резултат на потребата за издигнување на статусот на младите лекари во државата и нивно инкорпорирање во здравствениот систем, се со цел спречување на миграцијата.
Здружението на лекари на специјализанти (ЗЛС) е водечка организација со над 600 членови, посветена на поддршка и развој на македонскиот здравствен систем. Преку своите активности, ЗЛС ги зголеми платите на специјализантите, обезбеди здравствено осигурување за приватните специјализанти и го организираше првиот симпозиум за млади лекари во Македонија, со над 250 учесници и 50 предавачи од земјата и странство. Организацијата е исто така посветена на проекти како „Стоп за лоши навики“ – иницијатива за превенција на нездравите навики, и „Velvet Health“ – проект за медицинска едукација. Преку проектот „Обединети за здравје“ се работи на едукација на млади лица, додека со „И ти си важен“ се овозможуваат бесплатни прегледи, опфаќајки досега 4000 лица од социјално загрозени категории.
Повеќе околу нашите проекти и активности можете да погледнете на нашата веб страна: https://zls.com.mk/
II. ОПИС НА ПРЕДМЕТОТ НА ЈАВНИОТ ПОВИК
Здружението на лекари специјализанти има потреба од изработување на веб страна и одржување на истата во период од две години за Еразмус проектот „Мое Здравје” финансиран од Националната агенција за европски образовни проекти и мобилност.
Краток опис на проектот и деталите околу содржината на веб страната е даден во документот подолу.
Мое Здравје – проектна спецификација
III. КРИТЕРИУМ ЗА ИЗБОР
Изборот на најповолен понудувач ќе биде направен според принципот „најдобра понудена вредност (квалитет) за дадена цена. Критериумите за квалитет ќе ги вклучат претходните проекти на понудувачите.
IV. ПРАВО НА УЧЕСТВО
Право на учество имаат сите заентересирани понудувачи – правни лица кои имаат искуство во развој и дизајн и одржување на веб-страни.
Документи кои треба да се достават кон пријавата за учество се следниве:
- Портфолио на релевантните проекти изработени од предложениот понудувач, опис во табеларен формат, со вклучени линкови од изработените веб-страни;
- Детална понуда за изработка на веб страна, одржување и хостинг услуги. Финансиската понуда треба да биде изразена во вкупен бруто износ во македонски денари без вклучено ДДВ.
V. КРАЕН РОК ЗА ДОСТАВУВАЊЕ НА ПРИЈАВА ЗА УЧЕСТВО
Понудата треба да се достави во рок од 8 дена од датумот на повикот, не подоцна од 28.05.2025 до 16:00 часот. Понудите се доставуваат во електронска форма на ZLSpecijalizanti@gmail.com или по препорачана пошта на следната адреса: Јане Сандански 108/14 1000 Скопје. Сите понудувачи кои доставиле понуди кои ги исполнуваат условите ќе бидат разгледани од страна на евалуционата комисија и соодветно известени.
VI. ДОПОЛНИТЕЛНИ ЗАБЕЛЕШКИ
Проектите финансирани од Националната агенција за европски образовни проекти и мобилност се ослободени од сите давачки, даноци и такси, вклучувајќи го и данокот на додадена вредност (ДДВ). Оттаму, единечните цени кои вклучуваат ДДВ нема да бидат прифатени.