Со голема чест и задоволство споделуваме дека работилницата „Тахикардии со широк QRS комплекс – диференцијална дијагноза и третман“, одржана на 11.02.2025 во Хотел Лимак, Скопје, беше вистински успех!

Овој настан беше организиран од Здружението на лекари специјализанти, во соработка и под покровителство на Сандоз, со цел унапредување на знаењата и практичните вештини во областа на кардиологијата.

  • Извонредни предавања од Проф. Д-р Лидија Попоска и Доц. Д-р Јане Талески
  • Длабинска дискусија и практични примери
  • Одлична интеракција и размена на искуства

Ви благодариме на сите присутни за вашето учество и интерес! Вашата посветеност кон континуираната едукација е инспирација за идни вакви настани.

Со нетрпение очекуваме следни дружби и едукативни можности!