Овој викенд (30.11.2024 – 01.12.2024) во Хотел „Цар Самоил“ се одржа фокус групата под мото „Стоп за лоши навики“, организирана од Здружението на лекари специјализанти. Настанот беше дел од истоимениот проект насочен кон подигнување на свеста за здравите животни навики и спречување на болести поврзани со штетни навики.

На фокус групата се дискутираа важни теми како:

  • Преддијабет и прекумерна тежина
  • Коронарна артериска болест, со акцент на младата популација
  • Карцином на мочен меур и неговата поврзаност со штетните навики

Предавачи на настанот беа:

  • Д-р Џилијана Михајловска, специјалист ендокринолог
  • Асс. Д-р Мартина Амбарџиева
  • Ass. Mr. Ph. Nikolina Kastratović
  • Асс. Д-р Никола Манев

Настанот овозможи плодни дискусии и размена на искуства меѓу учесниците, со цел да се поттикнат позитивни промени и да се промовира здравјето.

Повеќе за проектот можете да прочитате на нашата веб-страница: Стоп за лоши навики – цели и активности на проектот

Благодариме на сите кои учествуваа и придонесоа за успешна реализација на оваа иницијатива!