Проектот “United wellness project/Обединети за здравје”, на Валоризационата конференција во организација на Национална агенција за образовни програми и мобилност, беше препознат како успешна приказна и пример за добра практика. Здружението на лекари специјализанти одржа кратка презентација, преку која ги промовираше постигнатите резултати и се здоби со благодарница од страна на Националната агенциjа за образовни програми и мобилност. Ваквите успеси претставуваат дополнителен мотив за здружението да продолжи да работи на подобрувањето на физичкото и менталното здравје кај младите лица во земјата.
Голема благодарност до Национална агенција за европски образовни програми и мобилност за препознавањето и валоризацијата на ваквите успешни приказни.


