Почитувани,

Здружението на Лекари Специјализанти – ЗЛС со гордост Ви го најавува нашиот најнов проект „Стоп за лошите навики“ чиј фокус е подигнувањето на свесноста кај населението за здравиот животен стил и за големото значење на малите промени во секојдневните навики кои секој би можел да ги направи.

Во рамките на проектот ќе се одржат повеќе настани и активности со кои ќе се допре до разни целни популации, а првиот од серијата настани ќе биде панел дискусијата „Стоп за лошите навики“ која ќе се одржи на 24.10.2024 во ресторанот „Ragusa 360 Rooftop“ со почеток во 18 часот.

Говорници на панел дискусијата ќе бидат:

  • Асс. Д-р. Цветанка Волкановска Илијевска, специјалист по ендокринологија, ЈЗУ УК за Ендокринологија, дијабетес и болести на метаболизмот, Скопје
  • Асс. Д-р Јосиф Јанчулев – специјалист по урологија, ЈЗУ УК за Урологија, Скопје
  • Д-р Александра Георгиева, специјалист по кардиологија и претседателка на Здружението на Лекари Специјализанти
  • Катерина Попева, фитнес тренер

Поради ограничениот број на слободни места за учесниците, Ве замолуваме за навремена регистрација на следниот линк како би можеле да го осигураме Вашето место. Ви благодариме за интересот и Ве очекуваме!

Пријава за учество на панел дискусијата „Стоп за лошите навики“