На 28.04.2023, Здружението на Лекари Специјализанти одржа работилница за лекари на тема: “Предизвици во комуникацијата со пациенти од социјално ранливи категории”. Истата се одржа во хотел Премиер во Битола. Предавачите др. Фанче Јошевска и д-р Симона Сапунџија говореа за предизвиците во комуникација со посебни категории на пациенти, како и за постулатите на афирмативна комуникација.

Се надеваме дека ваквите предавања ќе вродат со плод и ќе обезбедат поголема инклузија на социјално маргинализираните групи во здравствениот систем, но и ќе овозможат полесен пристап на лекарот кон оваа категорија на пациенти. Оваа работилница е дел од проектот “И ти си важен!”, поддржан и финансиран од Цивика мобилитас. Во текот на 2023 година, планирано е да се одржат уште неколку вакви работилници ширум земјата, со цел опфаќање на поголема бројка на лекари и поттикнување на општествени промени.