Здружение на Лекари Специјализанти – ЗЛС на Д Фестивал 2023 го спроведоа проектот “И ти си важен” кој се состоеше од бесплатни превентивни прегледи за посетителите.🥼
Секој преглед се состоеше од ЕКГ, мерење тензија, гликемија во крв, одредување на БМИ и мерење на сатурација како и физикален преглед за посетителите на фестивалот да знаат дека се во топ форма!🤩🎉
📚Освен превентивни прегледи во рамките на проектот се одвиваше и медицинска едукација за подигнување на здравствената писменост, како и делење на презервативи и медицински помагала.