Универзитетската клиника „Мајка Тереза“ во Скопје, Mакедонија доби донација од медицинска oпрема во вредност од 570.000 американски долари од организацијата „World Medical Relief“ со седиште во Мичиген, реализирано од страна на Здружението на лекари специјализанти– ЗЛС. World Medical Relief соработуваше со Обединетата Македонска Дијаспора и медицинската мисија Dattilio, кои ги обезбедија трошоците за контејнерот, и меѓународната испорака.
