Родовата еднаквост е неопходна за воспоставување одржлив развој во едно општество и само ако секој од нас има еднакви права и еднаков пристап до тие загарантирани права во сите сфери од општеството, само тогаш можеме сите заедно да одиме напред. Но, заложбите за постигнување на одредени општествени вредности секогаш даваат плод кога се работи на едукација на јавноста и подигнување на свеста на различни целни групи, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната панел дискусија на тема „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата – жени во белиот мантил“.
Родовата еднаквост е неопходна за воспоставување одржлив развој во едно општество и само ако секој од нас има еднакви права и еднаков пристап до тие загарантирани права во сите сфери од општеството, само тогаш можеме сите заедно да одиме напред. Но, заложбите за постигнување на одредени општествени вредности секогаш даваат плод кога се работи на едукација на јавноста и подигнување на свеста на различни целни групи, изјави министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска на денешната панел дискусија на тема „Жени кои спасуваат животи, а немаат лек за дискриминацијата – жени во белиот мантил“. Дискусијата беше дел од кампањата која првпат ја организира Министерството за труд и социјална политика „Гласна и храбра“.
– Мора да признаеме дека секогаш кога се споменува здравството и здравствените работници тоа е најчесто во конотација на тоа дека вие имате законска обврска да се грижите за болните и за пациентите и да ја дадете својата безрезервна поддршка во вашата работа со нив, но императив е вие пред се да ги остварите своите права, пред се преку обезбедување на безбедна работна средина за себе и за своите соработници, а тоа значи елиминирање на секаков вид на вознемирување на работно место, родово базирано насилство, мобинг, сексизам и слични облици на дискриминација и насилство кои не смеат да се толерираат, нагласи министерката.
Таа рече дека Законот за спречување и заштита од дискриминација од 2020 година. што го подготви Министерството за труд и социјална политика во соработка со сите одговорни институции, е донесен со цел обезбедување на принципот на еднаквост и спречување и заштита од дискриминација во остварување на човековите права и слободи на сите граѓани.
Овој закон се применува и во областа на здравството и здравственото осигурување, но многу поважно е дека истиот Закон ви овозможува и вас пристап до остварување на заштита од потенцијална дискриминација, која може да биде двојна, па и тројна, со оглед на тоа дека сте жени. Согласно овој закон формирана е Комисија за спречување и заштита од дискриминација која е одговорна за постапување согласно овој закон и докажување на евентуална дискриминација по основите утврдени во овој закон како што се раса, боја на кожа, потекло национална или етничка припадност, пол, род, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, јазик, државјанство, социјално потекло, образование, религија или верско уверување, политичко уверување, друго уверување, попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, лично својство и општествен статус или која било друга основа, истакна министерката пред присутните.