Оваа година, Здружението на лекари специјализанти одбележува 8 години од своето постоење.
Иако роденденот помина во динамично работно темпо, сакаме да одвоиме момент и да се заблагодариме на сите кои се дел од нашата приказна.
- На сите специјализанти и млади лекари кои секојдневно ја градат иднината на македонското здравство.
- На институциите и организациите со кои соработуваме.
- На сите партнери и пријатели кои со својата поддршка придонесуваат за нашата заедничка мисија.
8 години исполнети со бројни предизвици, но и со многу успеси, проекти и континуирана борба за подобри услови за младите лекари.
Благодарни сме на сите за довербата. Продолжуваме со уште поголема енергија и одговорност.
Заедно сме посилни!














