Со голема радост ја заокруживме втората Ехо школа, организирана од Здружението на лекари специјализанти, каде што над 40 учесници имаа можност да се стекнат со нови знаења и вештини.
Преку интерактивни предавања, прикази на случаи и практична настава, нашите млади колеги добија непроценлив увид во современите дијагностички методи. Огромна благодарност до нашите посветени предавачи кои несебично ги споделија своите искуства и знаења.
Особена благодарност упатуваме до КРКА Фарм ДООЕЛ за нивното покровителство и до Аџибадем Систина Acibadem Sistina Hospital, кои беа одлични домаќини.
Ви пренесуваме дел од прекрасната атмосфера преку фотографии од настанот.
Со нетрпение очекуваме да се видиме следната година!











