Здружението на Лекари Специјализанти- ЗЛС на 31.05 го прослави својот 5ти роденден. Преку низа на фотографии ви пренесуваме дел од атмосферата.

Им благодариме на Министерот за здравство Д-р Беким Сали и на ректорот на УКИМ Проф. д-р Никола Јанкуловски за нивното присуство и обраќања. Ви благодариме и вам драги колеги за вашето приуство и поддршка. Ни претставуваше особена чест и задоволство што бевте дел од овој настан.

Нашите членови, некогаш група на поединци, минувајќи низ мноштво предизвици, станаа едно големо семејство. Семејство кое се гордее на постигнатите успеси, но и семејство кое не се плаши од новите предизвици.

Благодарност и до спонзорите на настанот: Krka za zdravje, ZEGIN , Ewopharma Makedonija , Hemofarm, PLIVAzdravlje, Varus  , Marti Alko  и Lazar Winery.

ЗЛС е повеќе од здружение на млади лекари, тоа е надеж за подобро утро, причина на младиот човек да остане во својата држава, тоа е пркос, непребол, тоа е силата на напредокот, крикот на интелектуалецот кој побарува подобар живот.