На ден 03.11.2024 со почеток во 10h, Здружението на уролози на Македонија ќе организира марш во склоп на кампањата “Мовембер – Не дозволувај здравјето да скапе”, која претставува глобална кампања што се одржува секој ноември со цел да се подигне свесноста за здравствените проблеми кај мажите, особено за ракот на простата, ракот на тестисите и менталното здравје.
Маршот ќе биде на улица “Тодор Александров” со почеток од пред училиштето ОУ “Кочо Рацин”. Ќе се движиме кратко по улицата, потоа ќе продолжиме по пешачката патека до Средно Водно.