Почитувани колеги,

Ви упатуваме искрена благодарност за вашето учество и поддршка на панел-дискусијата „Стоп за лоши навики“, дел од истоимената кампања посветена на промоција на здрави животни навики и превенција на болести. Плодната дискусија и бројните прашања ни овозможија да ја засилиме свеста во медицинската заедница за значењето на превенцијата и примената на корисни алатки во секојдневната пракса.

Во прилог ви ја пренесуваме атмосферата на настанот преку фотографии кои ја доловуваат динамиката и енергијата на дискусијата.

Со нетрпение очекуваме повторно да се сретнеме на идни настани, заедно придонесувајќи за јакнење на јавната свест за важноста на превенцијата и здравите животни навики.

Со почит,

Извршен одбор на Здружението на Лекари Специјализанти