Почитувани претставници на медиумите најпрво од мое лично име и името на приватните специјализанти едно големо благодарам за целата подршка која ја добивме од вас и вашето присуство денес!

Една недела откако започна генералниот штрајк на приватните специјализанти за жал ниту едно од барањата не е исполнето и денес на 22 април приватните специјализанти сеуште се без здравствено осигурување, без покачување на плата и без цврст план за нивно трајно вработување!

Би сакала во оваа прилика да ги отфрлам сите обвинувања од страна на министерост за здравство за било какви политизации на овој протест, единствените политики за кои ние сме заентересирани се здравствените политики и реформи во полза на сите граѓани на оваа земја.
Покрај нашите многубројни предлози за надминување на проблемот и остварување на правото на достоен живот на специјализантите ,за жал не успеавме да најдеме заеднички јазик со Министреството за здравство и останавме во флоскулите на идно прекажано време!

Поради сензитивноста на периодот и отежнетата работа на клиниките во Мајка Тереза кои цврсто се потпираат на приватните специјализанти и нивниот инпут за да можат да се обават работните процеси а во консултација со колегите одлучивме привремено генералниот штрајк да го ставиме во процес на мирување. Ова никако не значи негово замрување или откажување од било кое барање. Се надеваме веднаш по завршување на изборниот процес и формирање на нова влада дека сите барања на специјализантите ќе бидат решени ќе имаме здравствено осигугрување, плата на ниво на просечен лекар и план за вработување на сите колеги на специјализација и тогаш повторно од ова место ќе можеме да дадеме изјава во која ќе говориме за почетокот на една голема реформа во здравствениот систем.

На крај дозволете да се заблагодарам на сите колеги кои беа упорни, истрајни и сплотени како никогаш до сега, што го кренаа својот глас и направија монументален исчекор кој верувам ќе вроди со плод и ќе направи радикални промени како никогаш до сега.