Почитувани колеги,
Ве информираме дека од денес, 01.07.2025 (вторник), до недела, 06.07.2025, ќе имате можност да се пријавите за следниот циклус од 300 вработувања на следниот линк: Апликација за изразување интерес на приватните специјализанти за вработување во ЈЗУ
Како и досега, линкот ги содржи сите потребни информации за процесот на пријавување.
На последниот состанок, ЗЛС повторно го потенцираше и недовршениот циклус од првите 300 вработувања. Министерството изрази подготвеност да го финализира и тој процес во најбрз можен рок.
Со почит,
Здружение на лекари специјализанти